Микуја (Miculla) – живата пустина на Такна

Водејќи се од почетното восхитено туристичко око, како и од пиштењето на моите ученички од 7 до 3 секој работен ден, се одлучив да “земам здив” и да го посетам археолошкиот сајт Микуја, релативно блиску до Такна, каде се наоѓаат петроглифи од Тиуанаку цивилизацијата, 500 години пред наша ера. “Земањето здив” се покажа како катастрофална заблуда, првенствено поради превозот каде висев како мајмун од вратата на автобусот заради недостаток на место. Потоа, 45 минути пеш на 45 степени сонце кое пцуејќи заборавив колку го љубам кога ќе се појави во пролет. И како за крај, мојата перуанска другарка доцнеше 1 час и ме почасти со еден лежерски од и насмевка до уши кога пристигна. Без чувство на вина, без “извини” и без чоколадо за надоместок. Сепак, тие беа моите први денови на социјализација во перуанска средина, кои ме научија неодговорно но уверено да доцнам до еден час при средба со пријатели за на крај повторно да чекам.

Патот беше мртва пустина од 20 км квадратни, обиколена со песочни ридови кои за време на Тиуанаку цивилизацијата биле богати со вегетација, што им овозможило да опстануваат од агрикултура. Меѓутоа, поради сушењето на реките, денес Микуја е жива пустина.

pat

pusto

Од време на време, по патот се забечежуваат крстови, речиси на секоја кривина, или како што ја нарекуваат во Јужна Америка- курва пелигроса.

Крстовите се за луѓето коие починале при сообраќајна несреќа на тоа место.

DSCF4025                          По речиси 30тина минути, го забележавме првиот петроглиф.

Да, на долниот денес агол има скршено шише- бидејќи Микуја навечер е природна дискотека за перуанските мажиња кои им ги покажуваат ѕвездите на своите девојки и им нудат слатко вино.

prviot

Интерпретацијата е очигледна- хомосексуални љубовници при сексуален чин. Техника- креда. За момент ми поверувавте, нели?

Сепак, петроглифите нема да ги интерпретирам со цел да дознаам што се крие во вашата имагинација. Техниката ќе ви ја откријам, зошто верувам малкубројни се оние кои ќе го проверат тоа од интелектуална љубопитност. Ве предизвикав нели? За тие што сепак ќе проверат- не го читајте следниот ред.

Црвена патина- оксидиран метал.

Сега е ваш ред, што гледате?

9j

8j

7j

5j

4j

3j

2j

1j

0j

6j

Импресивно, нели?

Перуанците го знаат тоа, па затоа денес оваа жива пустина украсена со уметност никој не ја чува. Заради тоа веројатно многубројните помали петроглифи кои постоеле порано денес се наоѓаат во нечија дневна.

На крајот на широкиот спектар од петроглифи “стои” еден мост. http://goo.gl/photos/V6G5MQK9iw8His7Z9

На враќање трчавме, верувале или не- постабилно е.

1sepia

sepia 2

Откако бавно и измачувачки се стопивме, се одучивме да се вратиме со автостоп. Речиси веднаш застана еден автомобил со двајца мажи кои ништо не проговорија за време на патувањето, и покрај нашите обиди за разговор. Сепак, од благодарност за нивната помош им подаривме овошје кое ладно го погледнаа и со знак на неодобрување и чудење си заминаа. Колку само сакав да го изедам тоа манго….

Овој ден научив доста работи со кои што постојано се соочував во Перу:

  1. Доцнењето е доблест.
  2. Јавниот превоз во Перу го крши секое човеково право.
  3. Морничавите крстови на улуца се на речиси секој агол, а веста секојдневно на насловна страна во дневните весници.
  4. Автостоп не е бесплатна великодушност, особено не кога си бел.
  5. Не подарувај мили работи на некој што не заслужува заради покорност.

Не можам а да не помислам дека овие правила потсетуваат на типичен идиотски психолошки прирачник од типот на “Како да преживеете во Перу”. Сепак, реални се.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s