Тарата (Tarata) – зелен мирис

Сувата Такна, која те тера да голташ вода како жеден крокодил и да си имаш мака со уринирање, и целите две дрвја во цел град на кои локалците се гордеат како петли, беа причината за да се одлучиме да направиме краток пат од час и половина, до зелената Тарата, која се наоѓа на 3500м надморска височина. Тарата е агрокултурен град каде почнува една од многуте патеки од Инките што води до Куско. Планината е магична, и музикална со големиот водопад изгубен во длабочините на андините. Своето име Тара го добила по растението –тара–  кое локалците  го користат како лек за заболено грло. Градчето го добило своето име по многуте Тари, тој ден уште една 🙂

Caesalpinia_spinosa

Патувавме со таткото (Елој) и помладата ќерка (Чаро) во недела, љубопитни да се запознаеме подобро после неколку дена поминати заедно џарејќи се еден во друг и не можејќи да комуницираме. Не само што не знаевме речиси ништо на шпански на почетокот, туку и Елој зборуваше како касета на forward.

drustvoto

Се одлучија да одиме со такси, кое за изненадување не е 10 пати поскапо заради перуанскиот  феномен за “ценкање”. Таксито немаше прозорци, само смешни црвени завеси што би изгледале поприродно во бордел, гласна салса и непромислен возач. Покрај малите срцеви напади при кривините, почетокот на патувањето не ветуваше многу со следниот пејсаж.

1

2

Сепак, како што напредувавме, пустинските планини срамежливо покажуваа зелена покривка од мали кактусчиња, што понатаму завршија со огромни, високи и отмени еукалиптуси. Мирисот беше опоен, а глетката ме мотивира да скокам како дете на Божиќ.

hhh

plys

Се сеќавам на првата средба со животинчето налик на перуанско-адаптирана жирафа во намалена верзија и бела боја. Заинтересирана сум за Вашата дефиниција за лама (на ппански – ѓама- llama). Не се прифаќа споредба со овца, премногу очигледно е! Ова космичко животинче ми е омилената атракција од Перу, особено со својот смешен полузалуден поглед и подготвеност да те плукне ако не му се допаднеш.

9

16

Ламата е животно од фамилијата на камили, кое се претпоставува дека доаѓа од северна Америка, и со последната ледена доба, пред 3 милиони години, целосно мигрирало во Јужна Америка. Следува објаснување за различната класификација, само заради тоа што поминав 5 месеци во очајна заблуда дека сè што изгледа како перуанска мини жирафа е лама.

1. Лама: нешто како нашето магарче. Цивилизацијата Кечоа ги користеле за превоз и превез на стока, имајќи ги во предвид стрмните патишта. Доста се големи, достигнуваат до 2 метри височина и 200 килограми тежина. Интелигентни се и доста пријателски настроени. 13

llamasAtopHill

Wiki-llama

  1. Алпака: Доста помали, и се користеле како домашни животни, воглавно заради нивната волна, која пред “стрижење” (го обожувам овој збор), изгледа вака  alpacas-in-field

а потоа….

5hm34-alpaca-hair3

Волната е мека и се користи за плетење и до ден денес, особено во планинските предели. Месото од алпаката е ефтино и вкусно, со недостаток на протеини.

  1. Викуња. Дивата кралицата на Јужна Америка, елегатно пасејќи по вчудоневидените високи рамнини на Перу и Боливија. Таа ја поседува најмеката волна, денес најскапата и најценатата волна на светот. Бидејќи има опасност од нејзино исчезнување, волната се користи само во случај на нејзина природна смрт

Vicuña_-_Chimborazo,_Ecuador

Навлегувајќи подлабоко во андинските агрикултурални тераси, уживавме со локалците гледајќи ги животните и планините, како совршено со вклопуваат, како една пресметана пејсажна слика во психијатриска канцеларија.

Денот го поминавме молчејќи, овој пат не заради непознавање од јазик, туку воодушевеност.

plus

15

14

13

12

11

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s