Тикако (Ticaco)

Google maps не е веродостоен извор во Перу. Всушност, не е ни возможен.

Иако една недела го планиравме патувањето за езерото Арикота со тоа што ќе патувавме до Тарата и потоа до Кандараве (каде после би зеле такси до езерото) , на крај завршивме во Тарата со устите подотворени кога локалците подбивајќи се ни рекоа дека патот всушност, не постои. На мапата обележан со светло-жолта боја која вообичаено значи- главен пат, се посомневавме дека можеби тоа им е мотивација за некогаш да го изградат.

smeska

Сепак, иако предходно ја посетивме Тарата неколку пати, се одлучивме да го истражуваме теренот понатаму, до селото Тикако (8км), каде локалците ни посочија дека постојат бањи, само за 3 солес (50 денари) влезница. Иако не се чувствувавме како за посетување туристички атракции, се решивме да се “оладиме” во топлите бањи, па потоа пеш да се враќаме преку планината до Тарата.

Почетокот на патот беше јака мотивација- заспани продавачки, застој на сообраќајот…

0

1

Меѓутоа, кога пристигнавме веднаш си простивме себеси за почетниот сарказам и се впуштивме во воодушевување на слаткото селце. Веднаш најдовме соба тропајќи по врати и објаснувајќи дека НЕ сме туристи за во скапиот хотел, туку млади авантуристи. Се сретнавме со една сењора која, како и што е обичајот, првенствено се обиде да ни ја издаде својата соба за 10 соли, меѓутоа после феноменот на ценкање, успеавме да намалиме на 5 соли (наши 65 денари).

DSCF3866

19

9

Локалците зјапаа во нас како теле во шарена врата, што ни донесе едно ново пријателче- полунапиен великодушен локалец, кој нè понуди писко (перуанска ракија) и една макотрпна љубовна приказна. Пиењето во продавница заедно со сите изгубени души од селото и разговорот за смислата на животот истовремено џвакајќи кока не можеа а да не ми причинат огромно задоволство. Се почувствував за прв пат како да се адаптирам на оваа чудно-хаотично-примамлива средина.

4

5

Следниот ден го пречекавме изгрејсонцето смрзнати од неочекувано ниските температури.

12

10

Потоа, бидејќи сите во селото веќе нè познаваа, ни предложија да преминеме преку нивите за да посетиме некои “ваљда битни каменчиња” што изгледаа вака.

21

Очигледно беше конструкција од Инките, заборавена од светот, и денес само каменчиња за локалците кои или ги обожуваат како свето енергетско тело, или ги посетуваат за да ги прикријат своите љубовни игри од очите на “јавноста”.

Се решивме и понатаму да го истражуваме теренот и наидовме на прекрасен водопад. Водопадот беше како злокобна сирена, нè повика да се спуштиме надолу и да се обидеме да го префрлиме, што беше неуспешно, па продолживме изгубено да се движиме кон Тарата.

29

30

Следуваат фотографии од нашето мало слатко истражување, и агрикулуралните тераси, каде локалците садат различни продукти на секој слој, заради разликата во климата, не употребувајќи никакви додатоци, пестициди или прскања, без алати.  Импресивно.

28

27

32

31

25

24

23

22

20

18

17

16

15

14

8

7

6

2

33

34Иако неуспешно завршивме назад во селото наместо во Тарата, ова мало слатко селце беше нашата инска идила. Само на 1 час од навидум вечната пустина се наоѓа друг свет, каде има зелено,снег, ќебиња, полиња, шарени куќички и напиени професори по уличните кафанчиња. Безобразно слатко. Како оваа лама https://goo.gl/photos/cuxZfDyKTJ9vo3P26

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s