Мојата работна мисија дел 1 (Mi misión de trabajo parte 1)

Овој пост ќе биде едукативно-информативен. Со оваа реченица ризикувам неколкумина да се откажат и во “ново јазиче” на youtube  да напишат “drunk people falling”. Сепак, иако и самата сум горд љубител на прости видеа, се решив овој пост да го посветам на она што првенствено беше причината за мојата посета на Перу- лично да го искусам нивниот едукативен систем како професорица по англиски јазик.

Како македонска државјаница (па, нели може професорица), единствениот начин на кој можев после дипломирање да заминам на ЛЕГАЛНО професионален “стаж” беше преку невладината студентска организација АИЕСЕК, за која ако сакате да дознаете повеќе ќе го посетите економскиот факултет-само право по скалите.

ПРВИЧНИ ДУШОТРЕСИ

shocked

Бев вработена како професор по англиски во приватното основно и средно училиште за девојки “Федерико Вијареал”.

11141191_425226867664397_7328495811040276281_n

10392290_261573200696432_1819699363629630444_n

Првиот ден одговорно си зедов тетратка, пенкалце и листа на прашања кон директорот на шпански (преведени од свети [i]google translator ). Замислував дека ќе влезам во посебна директорска канцеларија со кожен стол помпезно испрчен пред компјутер, дипломи и признанија урамени насекаде по ѕидот и слики од (обично) двете ќерки на директорот. Меѓутоа, тоа очекување беше пребалканско за Перу.

За жал, за следново немам слика, камера беше строго забранета на работа…

Наидов на едно канцеларивче со целиот административен тим напукан во една мрачна просторија на различни агли неприродно распределени. На ѕидот беше напишано името на училиштето со светкаво-црвени букви на џиш-златна позадина, која уште повеќе ме потсетување на страшно високата температура. Откако влегов сите погледи се вперија во мене, административните работници превозбудени што гледаат бела личност од Недојдија, обидувајќи се да промрморат нешто на некоја лингва франка што изгледаше како касдхруњвбсаѕицнафулвидсбнвосвукнсчбтсир. Сето тоа ми беше преслатко, особено кога директорот, убаво и стокмено облечен и искапен во парфем ја истегна насмевката до уши и со раширени раце ми пријде и ме задуши од гушкање. Гордо се претставив на шпански и после мојата реченица како глупчо се обидував да го следам неговото објаснување за начинот на предавање на материјата на англиски. Сфатив дека немам книга, немам иструкции ниту професор кој би ми асистирал како што ми беше ветено. Веднаш се возбудив бидејќи за прв пат бев оставена сама на себе со целата слобода што можам да ја замислам за осмислување на часовите како и материјата која би ја предавала. Се радував какодете на Божиќ. Ах, душо наивна.

Првиот училишен ден ја запознав директорката која беше некоја чудна комбинација на маќеата од Снежана како грбава старица, и претерано религиозна личност со претерано испеглани алишта во бои кои ни на кошмар не го сонуваш. На официјалниот настан за првиот училишен ден, откако се помоли на сцена за чистите души на нејзините ученички, гордо ја претстави новата професорка по англиски од Индонезија (?!?!?!) викајќи ме на сцена да кажам некој збор.

10896941_332543970266021_4726929792660845668_n

Кутра јас, во тој момент сфатив дека на шпански можам да кажам дека сестрата од полу-братот на другарка ми забременала од таткото на попот во маалската црква, а не знаев да ја кажам мојата очекувана визија и мисија (Марија, сега те сфаќам). На крај, промумлав нешто на микрофон и не ја довршив реченицата штоја почнав, оставајќи голема пауза, како да обмислувам нешто аргументативно. Моите идни ученички беа уредно построени пред сцената и громогласно почнаа да аплаудираат, возбудени што ги чека час со вонземјанин.

Добро ја паметам таа една седмица пред да влезам на час, обидувајќи се да обмислам креативни, забавни и едукативни 90 минути. Часовите обично беа споени, инаку еден час трае 45 минути. Навечер сонував ice-breakers што ќе ги наречам оревокршачи, разни креативни активности, песни, игри надвор од училница итн. Конечно, мојот совршен час се состоеше од две оревокршачки и една игра на запознавање преку прашања и мешање на ученичките.

Откако ѕвончето ѕвона, со трчање влегов во одделението каде имав час, 15 годишни. Се насмеав, и прво се представив како Тара од МАКЕДОНИЈА, не Индонезија, новата професорка по англиски јазик. На тоа моите ученички со ококорени очи се погледнаа меѓу себе и промумлаа “Que?!?!” (“што” на македонски). Во период од тие неколку секунди, толку се шокирав од сознанието дека и покрај моето бавно говорење и нагласување на секој збор, моите ученички не разбраа ниту еден збор, што се смрзнав и физички и мисловно. Откако се решив да “оладам”и да барам чаре, си се прекорив за моите високи очекувања. Високи очекувања сепак, имаат друга димензија во Перу. Се решив да си направам психолошка анализа на ситуацијава дома, а во моментот да се снаоѓам. Така, се претставив уште еднаш покажувајќи на себе на англиски. Потоа, еден по еден ги прашував како се викаат и после 2 минути збунети погледи се сфати дека прашувам за име. Се запознавме, и им кажав да станат покажувајќи им. Станаа и цртајќи круг во воздухот им кажав да се наредат во круг. Е за тоа мили читатели, им требаше 10 минути да сфатат. Откако се наредија во круг игравме игра во која јас изговарав “I like….” или “I don’t like…”, со многу едноставни зборови како имиња на градови или држави или тип на музика, што претпоставував е исто и на шпански, па зависно од тоа дали тоа го сакаат или не, се движеа во различни квадрати на која беше поделена училницата. Секако дека играта ми ојде по фира, од 35 ученички ме сфатија три, на кои им се напнав да им објаснат на другите, а во меѓувреме се скршив од скокање, цртање, покажување со раце, со мимики, дури и глума. Слушнав дека ѕвона, се поздравив и поразено излегов од училницата со огромна воздишка. Подоцна дознав дека не ѕвонело ѕвончето туку камбаната, која била за основно. Ништо чудно што бев сама во цел двор. Како и првиот, така ми поминаа сите 6 часа тој ден, и дома се вратив без килажа. Сета енергија и мотивација ми беше некаде во воздухот преполн со бескрајни неуспешни обиди.

ПИВОТО ЖЕЛЕЗНИ ВРАТИ ОТВАРА

pivnaya-kruzhka-bokal-pivo-lico

Откако се истуширав со грч ладна вода и испив едно пиво, си направив психолошка анализа на ситуацијата. Сфатив дека мојата мисија да ги научам англиски јазик е всушност непотребна. Не само што на цел континент се зборува шпански (освен во Бразил, каде портуалскиот сепак е доволно разбирлив за останатите), туку и во своето размислување за мојата задача, сфатив дека самата јас повеќе го поддржувам изучувањето на кечоа или ајмара (домородските јазици на Инките) отколку на англиски.

Со таа просветленост, следно прашање кон самата себе ми беше “И сега Тара, која е твојата мотивација и очекувања од самата себеси?” Се думав, се думав, и се решив за друго пиво, надевајќи се на одговор. Секако дека тој одговор не дојде тој ден, туку со тек на времето, после многубројни глумења и трошења на моето битие по училници…

to be continued…

[i] ti

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s