Мојата работна мисија дел 2 (Mi misión de trabajo parte 2)

Продолжение на првиот дел и преод кон третиот. Длабоко се извинувам што немам доволно свои фотографии, како што напоменав строго беше забрането нивно користење во училиштето… За да надокнадам, додека читате, уживајте во музиката на Перуанските виолини.

ПЕРИОД НА ВЕЛИЧЕЊЕ

raisedhands

Игрите движат планини. Воглавно, моите ученички обожуваа да играат игри, преку кои се трудев да ги откријам нивните интереси и амбиции. За објаснување на игрите беа внимателни и начулени во ушите, почнаа повеќе да ме разбираат и да уживаат во часот. Првиот месец не спремив никаква активност освен игри и оревокршачки. На пауза трчаа кон мене и ме гушкаа, до степен да ми се закачат на ногата додека одам, ја делеа храната со мене, ми кршеа дел од варениот компир или прженото пилешко, ме следеа додека не стигнам до мојот автобус и ми пишуваа слатки картички со порака од типот на “Вие сте најдобрата професорка и нема да веоставиме да се вратите во Македонија (добро ја научија мојата земја), ќе организираме штрајк!”.  Секако, после еден месец игрите добиваа различна димензија, беа ориентирани кон нивно учество преку говорење, пишување и читање.

ПЕРИОД НА СТЕКНУВАЊЕ ПОДЛИ НЕПРИЈАТЕЛКИ

Предвреме да напоменам дека следната фотографија ме изнасмеа како љубител на црн хумор, се надевам нема да ме осудите

Little bastards

И секако дека така си стекнав мали непријателчиња на кои не им се допаѓаше тоа што часот завземаше едукативен карактер. Првите проблеми во училница ги имав со недостаток на дисциплина и почит кон мене и кон останатите ученички, особено кога полека почнавме да пишуваме во тетратките и да барам домашно од нив. Кога сфатија дека и часот по англиски оди со одредена одговорност, поединци наоѓаа подли начини за да го нарушат часот, што резултираше во нивно завземање на часот, нивната доминација над мојата. Имајќи во предвид дека ова беше приватно училиште, ученичките а и нивните родители очекуваа посебен третман, што им дозволуваше да ги тестираат границите, особено на морално однесување.

Неверојатна е детската подлост некогаш, иако е веројатно совршена копија на она што го восприемаат во секојдневниот живот од своето друштво или семејство, неверојатен е интензитетот. Иако учителската професија подразбира тип на воспитување, сепак јас одбвивав да сносам одговорност за превоспитување. Која би била ползата од мојот труд доколку од страната на ученикот тоа се воспирема само 45 минути, два пати во една седмица?

Тоа ме наведе да разговарам со психологот на училиштето и да ја прашам за совет, имајќи го во предвид моето различно културно опкружување. Како стручен психолог, жената многу ми помогна и ми предложи разни начини како да се справам со незгодни ситуации. Исто така, ги набљудуваше проблематичните ученички и разговараше со нив повеќе пати во текот на денот. Секако, тој разговор не беше од типот на “Седни на столица, сериозна сум и ми се гледа по згрчканото лице, и одговори ми на сите прашања кои сугерираат дека ти си луда тинејџерка а јас сè ќе си запишувам во својот ѓавослки тефтер”.

Додека сме кај психологот, македонската верзија на психолог натопорен во канцеларија во удобна столица пред компјутер играјќи карти на интернет е шпанско село за Перу. Таму психологот влегува на часови, има активности со децата, ги набљудува децата на пауза, професорите во канцеларија итн. Можеби ви звучи како шпион, меѓутоа сметам дека нашето образование плаче за таква личност, доколку истата не се филма дека е Џејмс Бонд.

ПЕРИОД НА ЗАЧУДУВАЊЕ

Откако стекнав одредена рутина и организација на часот (ќе си земам за слобода да го искористам зборот организација, иако не е баш соодветен), ми требаше доста долго време за да сфатам одредени аспекти од перуанското образование.

Ајде размислете зошто, и коментирајте, можеби ќе ми откриете топла вода. Јас пишувам наслов на табла, а тие ме прашуваат дали да го напишат со големи или мали букви во тетратката. Со големи. Следно, со молив или so пенкало? Со што сакате. Зачудени лица. Добро, еве со молив. Или со пенкало. Следно, со сино или црвено пенкало? Леле деца, ако ме прашате уште едно непотребно прашање имате минус поени од оценка! Молк. А на почеток на страница или на средина? I mean, seriously?!?!?!

1330284710_medium

Друго, учевме исток, запад, север и југ. Ги прашував каде изгрева сонцето. Молк. Север? …. Ги прашав што учат по географија и гордо ми одговорија дека ги изучуваат ѕвездите, брзината на ветрот, триста тикви шарени, ама не страните на светот. Ги прашав дали го знаат главниот град на Перу. Молк. Парис?…. I mean, seriously?

giphy-facebook_s

МОМЕНТ НА “SOMETHING IS WRONG HERE”

Како надоврзување, кутри мои ученички имаа три видови на математика- алгебра, геометрија и математика и ПЛУС работилници по математика во сабота. Државниот испит во Перу кој е пресуден за понатамоѓно запишување на факултет содржи 80% од прашањата од полето на математика. Сакаш да студираш музичка академија? Колку е петти квадрат од дванаесет милиони осумстотини педесет и две илјади сто четитиесет и девет врз логаритам од трета димензија на брзината на ѕвездите во топла летна ноќ?  I mean, seriously?

hitrec_27490472_big_

Најстрашното сепак, е вложување труд без никакви резултати. Претерано многу теорија, најразлични интерни и екстерни тестирања, без практичен пристап. 97% од ученичките не можеа да положат математика, што беше изложено на еден од досадните четири часовни професорки состаноци.  Сепак, ми се допаѓаше (малку мазохистички) тоа што ваков тип на загрижувачка вест го продолжуваше состанокот уште еден час, сите разговарајќи како би се подобрила ситуацијта, предложувајќи разни методи на предавање, игри итн.

0a4cfunny-math-problem-bacon-happiness

Еден таков состанок каде професорката по англиски од “Индонезија” а и нејзиниот час беа безгласна буква, ме поттикнуваше не само со трчање да се вратам дома после долго време искривена на стол приспособен за кратки перуански дечиња од кој ми излегување задникот и ме боцкаше грбот, туку и во својата ретроспекција си го поставив ТHE QUESTION. Како би требало да се приспособан во мојата работна задача? Да го прифатам нивниот лежерен начин на размислување кон мојот предмет, или да се изборам за да му придадат значење- како професорите, така и ученичките? Кој пристап би ни причинал поголема сатисфакција? Да одам со кола на планина и да излезам за да направам кул слики од врвот или да се испотам колнејќи го секој грам маст кој ми тежи, но да стигнам пеш и наместо да правам фотографија, да ја впијам магијата со еден голем здив?

two-way-street

to be continued…

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s