МОЈАТА РАБОТНА МИСИЈА ДЕЛ 3 (Mi misión de trabajo parte 3)

Патешествието си продолжи секој ден и секој час додека бев во училница, со тоа што доби поинаков размер, суров и симпатичен, кој ми удри тешка шлаканица кога си помислив дека ЈАС ќе сум таа месија што во Такна ќе ги научи барем дел од децата да говорат граматички точен англиски. Се обвинував себеси за неможноста да го препознаам фактот што тоа не соодветствуваше на нивните потреби. Она што им беше потребно беше поттик за интерес за друга култура, да се научат да слушаат, да општат, да се опуштат, да растат негувајќи си ги свoите интереси. Бидејќи во својот затворен математички балон во град каде единствениот извор на култура различна од перуанската бевме јас и Сем, тие деца беа ограничени од очекувањата на своето опкружување, кое воглавно не го интересираше ништо пошироко од стремеж кон инженерска диплома. Звучи познато, нели?

o-ENGINEERING-MEMES-facebook

На тој начин, набљудувајќи ги на час што прават кога намерно ќе ”изломотам” некоја досадна граматичка лекција, се решив да им настегам ниски оценки за да ми се налутат и да се борат за поправање. Иако можеби звучи круто, на тој начин им зададов “слободни обврски”, кои на крај се покажаа како добар метод за мотивација не само за учење на англиски, туку и за сопственото самоизградување.

Додека зборував, многу од нив сликаа на час или читаа манги, работеа со пластелин, се палеа на испринтани слики од познати Корејски пејачи или глумци, ги разгледуваа знамињата на државите на крајот од нивните лексикони или едноставно- заспиваа. Така, како можност да ги поправат оценките беше негување на нивните интереси во контекст на англиската култура.  Оние кои ги интересираше сликање ги задолжив да насликаат англиска песна и да знаат за што се работи. Оние кои сакаа да пеат пееја на англиски, оние кои сакаа да глумат- глумеа на англиски, некои дури и цртаа манги со англиски текст, некои го сликаа македонското знаме, обработуваа некој македонски обичај и го презентираа итн итн. Дури и Сем дојде во школото за да разговара со нив на англиски, што беше огромна мотивација за да се напалат на сините очи кои во живот не ги виделе и да се тепаат за прашање.

so Sem podobra

Знаејќи дека се враќам дома преплавена од проекти и слики насликани од нивни раце, смешки во нивниот обид да звучат англиски кои завршуваа како сексуални зборчиња и безброј поставени прашања за мојата татковина, сликајќи го македонското знаме со црвено сонце и жолта позадина, итн- ЈАС БЕВ СРЕЌНА.

Во прилог следуваат малубројните фотографии кои можев да ги направам кога можев да го “шмугнам” апаратот. Жал ми е што не бев во можност да ги фотографирам мангите, цртежите и да ги снимам додека пеат, но сепак се надевам ќе уживате во оние малкуте кои успеав да ги направам.

Театарска работилница на англиски. Потребно беше само да донесат рачно изработена кукла која доаѓа од Англија и во парови да разговараат за теми од секојдневниот живот. Не можев да и се изначудам на нивната креативност кога ми дојдоа на час со цели рачно изработени театри.

a hell of theatre

theatre aha

Велигденска работилница. Презентации за тоа како се слави Велигден во различни држави низ светот. Традицијата на кршење јајца не им беше позната, па донесоа јајца и имавме натпревар па заедничка ужинка 🙂

DSCF4844

easter 2

easter

DSCF4848

Презентација на англиски специјалитети. Торта и заеднички десерт после часови.

3

Иако имам уште многу импресии и моменти кои заслужуваат да бидат спомнати, сепак го завршувам мојот последен пост за мојата работна мисија во Перу. Во моментов пишувам писма до моите ученички за моето патување низ Перу, Боливија и Бразил, меѓутоа ќе им ги пратам од Македонија, иако верувам ќе стигнат за една година. 🙂

Она што ме прави среќна е што знам дека поединци, и покрај нивната возраст, беа во можност да ги препознаат своите желби и аспирации со тоа што за прв пат запознаа странец од другата страна на светот. И покрај мојата улога на професор, моите ученички научија да учат од себе, да ги слушаат своите внатрешни гласови и да пробудат радост во кративен израз и знаење.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s